Црна хроника
Змија од пет-шоп задави две момченца
Змија која побегнала од продавница за домашни миленици задавила две момченца во канадската покраина Нов Бансвик, објави тамошната полиција, пренесува BBC.
Момчињата, според првичните информација братчиња на 5 и 7-годишна возраст, останале да преспијат во станот на своето најдобро другарче кој се наоѓал над продавницата за егзотични животни во гратчето Кемпбелтон.
Полицијата истражува дали змијата во текот на ноќта побегнала од кафезот и низ вентилацијата дошла до станот над продавницата. Заменикот градоначалник, Јан Комеј изјавил дека станува збор за голема трагедија и фека „градот е во шок“.
Зоолозите велат дека нападите од егзотичните змии се извонредно ретки. Директорот на зоолошката градина во Монтреал, Дејвид Рогриг, изјавил дека не може да верува оти тоа се случило. „Тоа е многу многу ретка ситуација и многу малку веројатна“, рекол директорот.
Сé уште не утврдено точно за каков вид змија станува збор. Локалните медиуми прво објавија дека станува збор за боа, меѓутоа претставници на градските власти потоа изјавија дека веројатно во прашање е африкански питон.
Сопственикот на продавницата, Жан-Клод Савоа, е татко на момченцето кај кое спиеле несреќните братченца, пишува весникот Toronto Star. Тој за канадската телевизија CTV изјавил дека змијата ја чувал од 2001 година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.