Црна хроника
Двајца арачиновци пазареле со фалсификувани евра
Полицијата поднесе кривични пријави против две лица од Скопје поради постоење на основано сомнение дека сториле серија кривични дела „фалсификување пари“.
Во првиот случај, кривичната пријава е поднесена против С. А. (52) од с. Арачиново кој во периодот од јануари до април 2013 година, на подрачје на град Скопје , извршил шест кривични дела „фалсификување пари“ и тоа две на подрачје на општина Гази баба и по едно во општините Аеродром, Драчево, Петровец и Ѓорче Петров. Истражен судија му изрече мерка притвор во траење од 30 дена.
Кривичните дела ги извршил така што на Зелен пазар во Драчево, на Сточен пазар во Трубарево како и во домовите на индивидуални производители, плаќал за жито, овес и домашна ракија, со фалсификувани банкноти од по 500 и 100 евра.
Со потврда за привремено одземени предмети, од страна на оштетените одземени се фалсификуваните банкноти и доставени за вештачење до Народна банка на РМ, од каде што се добиени Експертизи со кои се потврдува дека банкнотите се фалсификувани. Од страна на оштетените извршено е и препознавање , на кое С.А. е препознаен како сторител на кривичното дело „фалсификување пари“
Во вториот случај кривичната пријава е поднесена против С. Р. (52) од с. Арачиново, кој во периодот од февруари до јуни месец оваа година, на подрачјата на град Скопје, Тетово, Гостивар и Куманово, во домовите на индивидуални производители во повеќето случаи за домашна ракија, садници и семки од сончоглед, во шест наврати плаќал со фалсификувани банкноти во апоени од по 500 и 100 евра.
Инаку, од извршените проверки во крим евиденциите на МВР, пријавениот С.А. е регистриран сторител на кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството, за претходно извршено кривично дело „Фалсификување пари“, за кое му е изречена казна затвор во траење од две години./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.