Црна хроника
Во Градскиот парк во Велес ограбени и натепани двајца браќа
Нарушување на јавниот ред и мир и разбојништво во Градскиот парк евидентираше вчеравечер СВР Велес.
Неколкумината напаѓачи околу 20.25 минути на трибините од ракометното игралиште го извршиле разбојништвото, пренесе Лисица. Како што во дневниот билтен на МВР стои полицијата презема мерки за расветлување на случајот во кој на 51 годишен велешанец покрај телесните повреди кои ги добил му биле одземени, мобилниот телефон и 2.200 денари. Во обидот да го спаси сопствениот брат од напаѓачите 47 годишен велешанец бил спречен од напаѓачите при што и тој завршил на земја со телесни повреди по целото тело. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.