Црна хроника
Кежаровски: Јас сум само новинар, никого не сум загрозил
На првото судско рочиште во случајот „Ликвидација“, приведениот новинар Томислав Кежаровски се чудеше на името на акцијата, а рече дека иако е само новинар кој ја информира јавноста, сепак е третиран како криминалец.
„Не ми е јасно зошто се вика акцијата ‘Ликвидација’. Ја сум само новинар кој ја врши работат да ја информира јавноста. Случајот Ореше требаше да ја открие гнилоста на институциите. Но не успеав да ги исчистам децениските криминални односи во судството и полицијата. Вперувањето пушка в глава пред ќерка ми е порака кон сите кои се критички насочени“, рече Кежаровски пред судот пренесоа македонските медиуми.
Тој смета дека сакаат намерно да го уништат, иако не загрозил ничија слобода ни живот.
„Само работев како новинар, а сега сум третиран како криминалец. Некој намерно сака да ме уништи како личност, нарачателите треба да знаат дека лагата е лоша. Со моето апсење се затвори медиумскиот простор, се колнам дека не сум загрозил ниту живот ниту слобода“, рече Кежаровски.
И останатите седуммина обвинети, меѓу кои има обвинител, судии и адвокати се изјаснија за невини.
На почетокот од процесот Судот донесе решение со кое ги отфрли предлозите на бранителите на обвинетите за негово прогласување за ненадлежен по однос на обвинението за незаконско посредување на дел од обвинетите.
Според адвокатите на обвинетите во случајот „Ликвидација“ каде на обвинителна клупа е и новинарот Томислав Кежаровски, изјавија дека процесот уште на стартот имал многу недоследности.
„Кривичното дело за кое се товарат обвинетите повеќе не постои. Обвинителството и натаму ги обвинува за противзаконско посредување. Процедурата е прекршена. Не ни се дадени докази на увид, ниту наредбите за посебни истражни мерки да видиме дали се спроведени законски. Најголем дел од мерките се снимки без аудио запис. Тоа е апсурд. Кај судот е и силата и секирата, а нашите аргументи и можности се лимитирани“, изјави адвокатот Тортевски.
Обвинетите се товарат за примање поткуп, злоупотреба на службена должност, неовластено откривање сведоци, недозволиво поседување оружје и друго. Кежаровски беше приведен поради текст објавен пред пет години во кој го открил идентитетот на заштитен сведок.
Акцијата „Ликвидација“ се подготвувала со години, соопшти МВР. Случајот е поврзан со убиството на 74-годишниот Лазар Милошевски во 2005 година во велешкото село Ореше.
Осомничени за убиството беа браќата Ордан и Љупчо Ѓорѓиевски, а како нарачател се спомнуваше Ѓоре Петровски, Македонец што живее во САД.
Во март годинава, тројцата обвинети беа ослободени од вина.
Од Иницијативниот одбор за ослободување на Кежаровски очекуваат новинарот да биде пуштен да се брани од слобода, а потоа Судот да донесе правична пресуда./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.