Црна хроника
Четири тела најдени по пад на авион врз куќа во САД
Пожарникарите пронашле тела на четири луѓе, меѓу нив и поранешниот извршен директор на компанијата Microsoft што загинале при пад на авион во областа Њу Хејвен во американската сојузна држава Конектикат, пренесе во саботата Associated Press повикувајќи се на локалната противпожарна служба.
Десетметарскиот туристички авион кој полетал од Њу Џерси се урнал врз куќа во Њу Хејвен, по што избувнал пожар врз два станбени објекта. Според портпаролот на противпожарната служба, Ентони Москато, во несреќата загинал поранешниот топ менаџер на компанијата Microsoft, Бил Хенингсгард со синот, кои се наоѓале во авионот и две лице кои биле во куќата.
Претходно беше објавено дека во авионската несреќа можно е да има шест жртви, од кои две деца во една од уништените куќи. Локалните власти изразија надеж дека нема да расте бројот на загинатите.
Според локалниот весник Hartford Courant, обдукцијата на жртвите ќе биде извршена во недела.
Членовите на семејството на поранешниот извршен директор на Microsoft потврдиле дека авионот бил управуван од Хенингсгард. Самиот Хенингсгард веќе имал преживеал авионска несреќа пред три години, кога се обидувал принудно да атерира со својот авион и паднал во реката Колумбија во сојузната држава Вашингтон, меѓутоа заедно со неговата мајка биле спасени од екипажи на чамци што ловеле на реката./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија
Скопјанец нападнал вработена во нотарска канцеларија.
На 16.04.2024 во 11.45 часот во СВР Скопје било пријавено дека во нотарска канцеларија во Скопје, Б.Ј. од Скопје физички нападнал една вработена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.