Црна хроника
Ограбен клубот за игри на среќа „Адмирал“ во Велес
Во неделата ноќта околу 1.20 часот во Велес, на ул.„8-ми Септември“ бб, автомат-клубот за игри на среќа „Адмирал“, бил ограбен.
Две засега непознати лица со фантомки на главите и вооружени со пиштоли непозната марка и калибар, извршиле разбојништво, при што одзеле 284.088 денари.
Тие влегле во казиното, а едниот од нив го вперил пиштолот кон С.М.(1975) од Велес, вработен во агенцијата за обезбедување „Перпетум мобиле“.
Другиот влегол во делот каде е касата, каде биле вработените Б.Р.(1990) од Велес и Г.А.(1980) од Велес. Разбојникот го вперил пиштолот кон Г.А. барајќи му пари, при што овој му ги дал парите, по што избегале.
СВР-Велес презема мерки за пронаоѓање на лицата./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.