Црна хроника
Загина дублерот што со падобран се спушти на отворањето на Олимпијадата во Лондон
Каскадерот Марк Статон кој скокна со падобран имитирајќи го имагинативниот таен британски агент Џејмс Бонд на свеченото отворање на летните Олимписки игри во Лондон минатата 2012 година, загинал во средата во Швајцарија летајќи во посебен костим со крилја – „wingsuit“, објавија во четвртокот швајцарската полиција.
Четириесет идвегодишниот Марк Статон во средата паднал на гребенот покрај Марињи, во близина на швајцарско-француската граница, во текот на wingsuit летање, екстремен спорт кој се состои во летање со посебен костум со крилја.
Некогашниот воен офицер беше дублер на Даниел Крејг во една од највпечатливте сцени од свеченото отворање на Олимписките игри во Лондон кога изведоа скок со падобран со другиот професионален каскадер Гари Конери кој беше преправен во британската кралица Елизабета Втора. Конери во британскиот весник The Sun му оддаде почест на Марк Статон.
Швајцарската полиција соопшти дека 42-годишниот Британец загинал во текот на wingsuit летот во близина на Триенто во кантонот Вале ненаведувајќи го неговиот идентитет. Полицијата истакна дека мажот скокнал од хеликоптер на височина од 3.300 метри заедно со уште еден маж./крај/мф/сн/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Казни за 153 возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 153 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 28 санкции, 13 мерки за возење без возачка дозвола, 13 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, девет мерки за користење мобилен телефон при возење.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови, најави МВР и апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.
Црна хроника
Ја нападнал на работно место во Карпош, па и се заканувал со нож на поранешната сопруга
Вчера било пријавено дека 33-годишна жена на подрачјето на Карпош била нападната од својот поранешен сопруг кој притоа и се заканил со нож.
„На 17.04.2024 во 19.00 часот во СВР Скопје, 33-годишна жена од Скопје пријавила дека околу 12.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Карпош била физички нападната од нејзиниот поранешен сопруг З.Б.(37) од Скопје, кој ѝ се заканил и со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“.
Црна хроника
Ограбиле менувачница во Чаир, украле сеф со пари и избегале со возило без таблички
Вчера во 10.15 часот во СВР Скопје, М.Д.(42) од Скопје пријавил дека околу 04.20 часот неколку лица со употреба на сила и погоден предмет влегле во неговата менувачница на подрачје на Чаир и одзеле сеф со пари, по што заминале со патничко возило „фолксваген џета“ без регистарски ознаки.
По преземени мерки и активности, возилото било пронајдено на паркинг простор на подрачје на Чаир.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.