Црна хроника
Изгоре црквата „Света Петка во битолско
Целосно изгоре црквата „Света Петка“ во битолското село Долно Егри во пожар кој избувнал во средата, но бил пријавен дури во петокот, соопшти МВР.
Извршен е увид на лице месо при што е констатирано дека на 14.08.2013 година од непознати причини дошло до опожарување на сува трева и стрниште во атарот на селото, по што дошло до опожарување на црквата Св.Петка, стои во соопштението. Пожарот бил изгаснат од жителите на селото, но истиот повторно се запалил и ја зафатил црквата како и камбанаријата. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.