Црна хроника
Уапсени осум вработени на Македонски пошти
Осуммина вработени во Македонски пошти уапсени се во полициска акција во текот на ноќта, јави Канал 5. Според извори на телевизијата, апсењето било поврзано со грабежот на поштата во Чаир кон крајот на минатиот месец.
Приведените лица биле изведени пред истражен судија, а на седуммина од нив им е изречена мерка притвор. Тие се осомничени за несовесно работење во службата, а полицијата треба по уште две лица, кои во моментов не се достапни.Меѓу приведените се нашол и шефот на обезбедувањето на пошта, двајца поштари и неколкумина задолжени за безбедноста на парите.Несовесното работење на осомничените го утврдила внатрешната ревизија и контрола која ја направила самата фирма, го утврдила, пренесува Канал 5.Повеќе информации за акцијата, полицијата најавува за во недела. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.