Црна хроника
Воз во Индија прегази 37 луѓе, избувнаа протести
Воз во Индија усмрти најмалку 37 луѓе кои оделе по пругата во понеделникот наутро, по што патниците протестирале и го претепале машиновозачот, го нападнеле другиот персонал на железницата и запалиле вагони, пренесува телевизијата NDTV повикувајќи се на локалните власти.
Портпаролот на индиските железници, Анил Саксена изјавил дека меѓу загинатите се хиндуистички аџии кои оделе на празнување на празникот посветен на Шива кои се симнале од возот на станицата Дхамара, 180 километри источно до градот Патна, главниот град на сојузната индиска држава Бихар.
„Патниците излегле од возот и продолжиле да одат по шините. Тогаш возот ги прегазил“, изјавил главниот директор на железницата Арунендра Кумар, на прес-конференција во престолнината Њу Делхи.
Според официјалните податоци, околу 40 патници дневно гинат на разгранетата но слабо инфраструктурно одржувана индиска железничка мрежа, со којашто управува државата и со која секојдневно се превезуваат 18,5 милиони патници.
Железницата е главното превозно средство на големи оддалечености во Индија којашто има 1,2 милијарди население и каде огромно мнозинство нема средства за патувања со авион. Најголем број од жртвите се сиромаси кои живеат во близина на железничките линии, а дел се патници кои буквално испаѓаат од пренатрупаните вагони.
Според официјалните податоци од 2012 година, речиси 15 илјади Индијци гинат секоја година само при преминување на пругите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.