Црна хроника
Во Кан украден прстен од 70 илјади евра
Двајца крадци украле во вторникот прстен со дијамант од три карата проценет на 70 илјади евра од златарница во Кан на францускиот Азурен брег, пренесува AFP во средата повикувајќи се на полициски извори.
Двајца мажи, најверојатно со потекло од источните земји како што оцениле очевидци според акцентот, го украле накитот кога продавачката им го завртела грбот. Кражбата се одиграла во златарницата сместена во трговската галерија „Gray d’Albion“, во рамките на истоимениот луксузен хотел.
Полициски извори соопштиле дека е покрената истрага во којашто ќе бидат испитани и снимките од камерите за надзор.
Ова лето се случија серија кражби во Кан, откако во јуни при крајот на филмскиот фестивал во Кан во текот на забава со ѕвездите исчезна дијамантски ѓердан вреден 2,6 милиони долари, на јувелирската компанија „De Grisogonо“, а претходно во мај крадците украдоа скапоцени камења кои се проценети на 1,4 милиони американски долари од швајцарската јувелирска компанија „Chopard“ .
Меѓутоа, најмногу одекна кражбата од крајот на јули кога од луксузниот хотел „Carlton“ од изложбата на руско-израелската куќа за дизајнирање накит „Leviev“, еден маж, под закана со оружје украде накит со дијаманти проценет на 136 милиони долари./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.