Црна хроника
Грк се обидел да прошверцува муниција во Македонија
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување на ловечка муниција и запленија 661 парче непријавена муниција.
Муницијата била најдена во автомобил со грчки регистерски таблици којшто сакал да влезе во Македонија.
При детална царинска контрола на возилото, во просторот под седиштата, пронајдени се 661 парче сокриена ловечка муниција, спакувана во картонски кутии за кои возачот, кој истовремено е и сопственик не поседувал дозвола издадена од Министерството за внатрешни работи на Македонија, која е неопходна при увозот на овој вид на стока во нашата земја.
Пронајдената муниција е со калибар од 7 мм до 10мм и тоа, 448 парчиња од 8мм, 102 парчиња од 9мм, 11 парчиња од 9,5мм, 25 парчиња од 7мм и 75 парчиња од 10мм.
Муницијата, чијашто царинска вредност изнесува околу 13 илјади денари е привремено задржана. Царинската стапка за увоз на виков вид на стока изнесува 25 отсто од вредноста. Против прекршителот, Царинската управа поведе прекршочна постапка./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.