Црна хроника
Дилале марихуана со гулаби поштари
Аргентинската полиција уапсила три лица под сомневање дека растурале марихуана во главниот град Буенос Аирес користејќи гулаби поштари, соопштија во петокот полициски извори.
Во текот на претресот на куќа во Ломас де Замора, предградие јужно од Буенос Аирес, полицијата открила стебла канабис, смола и кафез во кој биле два бели гулаба со вреќички со марихуана прицврстени на вратовите.
Полицискиот началника Нестор Лараури рекол дека гулабите ја одржувале врската меѓу куќата во којашто бил извршен претресот и гулабарникот во кој криумчарите ја преземале дрогата.
„Експертите ни рекоа дека извежбан гулаб може да изврши и дваесетина летови на ден’, рекол Лаури, пренесува AFP.
Притоа полицијата запленила и исечоци од весници и списанија во врска со користењето на гулаби поштари за тајна комуникација во колумбиските затвори./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.