Црна хроника
Во Мексико најдени телата на 13 лица грабнати во мај
Мексиканските власти соопштија во петокот навечер дека пронашле 13 тела во тајна масовна гробница во околината на Сиудад де Мексико, од кои досега се идентификувани пет како дел од помлади лица кои кон крајот на мај беа грабнати од бар во мексиканската престолнина.
„Пронајдовме останки од 13 лица“, изјави за медиумите заменикот државен обвинител на Сиудад де Мексико, Ренато Салес. Според него, пет тела,тројца мажи и две жени, се идентификувани со ДНК анализа и според тетоважите, имплантанти и забни протези. Пропаѓале на групата дванаесет помлади лица кои кон крајот беа грабнати среде бел ден од локал во мексиканскиот главен град, само неколку метри од полициска станица. Салес додал продолжува идентификацијата на другите останки.
Претходно во четвртокот беше соопштено дека е пронајдена заедничка гробница во природниот резерват Тлалманалка, триесетина километри југоисточно од Сиудад де Мексико.
Државниот обвинител на главниот град, Родолфо Риос за AFP изјави дека од жртвите останале само коски, па не е можно веднаш да се утврди полот и причината за смртта. Риос додал дека се уапсени „две лица кои се затекнати во близина на гробницата“, кои живеат недалеку од тоа место.
На 26-ти мај, седумнаест вооружени и маскирани мажи упаднаа во ноќниот клуб „Heaven“ во туристички кварт во мексиканската престолнина и одведоа 12 млади луѓе, седум мажи и пет жени на возраст меѓу 16 и 34 години, според исказите на сведоци и снимки од камерите за надзор.
Ова грабнување на поголема група луѓе досега не е расветлена и подигна голема бука во мексиканската јавноста, бидејќи дотогаш се мислеше дека Сиудад де Мексико е поштеден од крвавите и брутални пресметки меѓу криминалните групи
Обвинителот Родолфо риос смета дека станува збор за пресметка на двете криминални групи, Ла Униона и Темписа, кои растураат дрога во квартот Тепиро, недалеку од историскиот центар на градот, од каде што потекнуваат повеќето од жртвите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.