Црна хроника
Трет обид за нелегално внесување на ловечка муниција во последниве седум дена
Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за внесување на 1.250 парчиња непријавена ловечка муниција.
Во вторникот за влез во Македонија, на граничниот премин Богородица се пријавило патничко моторно возило со грчки регистарски таблици, управувано од грчки државјанин, придружуван од двајца сопатници, кој на прашање на цариниците изјавил дека покрај 1200 парчиња муниција и четири парчиња ловечки пушки, за кои поседува одобрение за увоз издадено од Министерството за внатрешни работи на Македонија, нема друга стока за пријавување.
Поради сомневање во одговорот, цариниците спроведоа детална контрола на возилото при што во патничка торба и кутија за храна, пронајдени се уште 1250 парчиња непријавена 12мм калибарска ловечка муниција за која сопственикот, возачот на патничкото моторно возило, не поседувал одобрение од МВР.
Вредноста на муницијата се проценува на околу 25 илјади денари, при што се избегнати царински давачки во износ од 12 илјади денари.
Муницијата е привремено задржана, а против прекршителот, Царинската управа поведе прекршочна постапка согласно Царинскиот Закон.
Во последните седум дена, цариниците на граничниот премин Богородица спречија три обиди за нелегално внесување на ловечка муниција од страна на грчки државјани, при што се запленети вкупно 2203 парчиња муниција./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.