Црна хроника
Кокаин во вредност од 260 млн долари запленет во Еквадор
Одделот за борба против наркотици на еквадорската полиција запленила повеќе од четири тони кокаин чијашто вредност се проценува на 260 милиони американски долари, подготвени за транспорт кон Канада и Белгија, пишуваат локалните медиуми.
Товарот бил откриен во пристанишниот град Гвајакил. Полицијата соопшти дека во врска со дрогата биле уапсени пет лица, сите државјани на Еквадор.
Пратката кокаин, којашто можеби е една од најголемите заплени во полициските акции во јужноамериканските земји од почетокот на годинава, била сокриена во контејнер со банани, а била откриена при рутинска контрола. Дрогата била спакувана во пакети со вкупна тежина од 4.4 тони, чијашто вредност се проценува на 260 милиони американски долари.
Од почетокот на 2013 година, во Еквадор се запленети 37 тони дрога, од која повеќето отпаѓа на кокаинот. Во средината на август, исто така, во пристаништето Гвајакил беа откриени 3,2 тони кокаин./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.