Црна хроника
Интервенции поради предозираност на секои 40 часа
Итната помош во Скопје интервенира во поради предозираност од дроги на секои 40 часа, покажува истражувањето на здружението ХОПС – Опции за здрав живот.
Според извештајот на ХОПС, објавен по повод 31 август, Меѓународен ден за подигнување на свеста за предозирање од дроги, службите за интервенирање од 2009 до 2012 година само во Скопје имале 865 интервенции при случаи на предозирање.
„Меѓународниот ден има за цел да ја подигне свеста за предозирањето и намалување на стигмата поврзана со смртната употреба на дроги, особено за ужалените поради загубата на член на семејството или пријател. Со ова исто така се пренесува пораката дека трагедијата од предозираност може да се превенира“, потенцираат од здружението.
Истражувањата во светски рамки покажале дека во 2011-та година, меѓу 102.000 и 247.000 луѓе поради предозирање, а само 70.000 лица го загубиле својот живот од предозирање на подрачјето на Европа./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.