Црна хроника
Се судрија три возила – двајца загинати и петмина повредени
Две лица загинаа, а петмина се тешко повредени во тешка сообраќајка што се случи на патот Куманово – Крива Паланка кај местото Поповски рид, соопшти МВР.
Утрово околу 5 часот се судрија „голф“ со косовски регистерски таблици, „БМВ“ со бугарски регистерски таблици и „тико“ со кривопаланечки регистерски таблици.
На лице место починале возачот на „голфот“ и „БМВ-то“, а двајца сопатници од „голфот“ и тројца патници од „тикото“ се тешко повредени.
Увидот на лице место е се уште во тек и се врши идентификација на жртвите./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.