Црна хроника
Во престрелка со полиција убиен 107-годишник
Сто иседумгодишен маж загинал во американската сојузна држава Арканзас, во престрелка со полицијата, објави во неделата локалната полиција.
Полицијата во саботата попладнето интервенирала во една куќа во местото Пин Блаф, сомневајќи се дека мажот по име Монро Исадоре, држел вперено оружје во две лица, соопшти полицијата.
Кога полицајците се приближиле до просторијата во која бил осомничениот, тој започнал да пука низ вратата.
Полицајците започнале потоа преговори со него, а во меѓувреме бил повикан на помош тим специјалци.
Благодарејќи на микрокамера, полицајците виделе дека Исадоре има пиштол. Потоа во собата фрлиле гас, на што овој возвратил со истрели.
„Кусо време потоа, полицајците ја пробиле вратата и фрлиле предмет за да му го одвлечат вниманието“, се додавал во соопштението на полицијата во Пин Блаф. „Исадоре тогаш започна да пука на полицајците коишто возвратија и го убија“, се додава во соопштението на полицијата којашто отворила истрага за овој случај./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.