Црна хроника
Директорот на музејот во Велес крадел сребрени монети
Директорот на Народниот музеј во Велес крадел сребрени монети „тетрадрахма“ од времето на Александар Македонски.
Кога била пријавена кражбата во Народниот музеј во Велес, полицијата излегла на лице мето и зела отисоци и подигнала предмети од местото на настанот.
Отисоците се совпаднале со провизорните отисоци на директорот на музејот во Велес. Пред пет дена тој бил пивикан во полиција, а од кај него биле најдени двете монети со ликот на Александар Македонски, коишто биле вратени во музејот.
Против директорот е поднесена кривична пријава за “кражба“ и “злоупотреба на службена положба и овластување“./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.