Црна хроника
Почнува судењето за киднапираното девојче Александра
Во четврток на пладне се очекува да започне судењето против пензионираниот судија, Александар Бошњаковски кој беше уапсен под сомнение дека ја криел својата внука од синот, Александра Бошњаковска.
Полицијата се уште трага по таткото на девојчето. Се сомничат дека ја грабнале внуката од мајката која била разведена од нивниот син и две години ја криеле.
Мајката тврди дека судот пресудил дека девојчето треба да и биде нејзе доверено, но девојчето било криено од нејзе и по три месеци од извршната судска одлука. Девојчето беше пронајдено и сега е заедно со мајката.
Според полицијата, во јули 2011 година, додека Татјана Бошњаковска, поранешна сопруга на Стефан, била во Србија со нивната малолетна ќерка, дошле таткото на Стефан, Александар, и неговиот брат Мартин и со употреба на физичка сила и закана по живот ја одзеле нејзината малолетна ќерка и ја донеле во Македонија.
Дедото пак пред да биде упасен за Нова Македонија изјави дека го криеле девојчето за да и обезбедат подобра иднина.
„Мајката веројатно има право да ја земе и да живее со неа, но и ние имаме право во вистинска правна процедура да докажеме оти се сомневаме дека животот на девојчето ќе биде спокоен и исполнет со радост. Карактерот, минатото и личноста на мајка ѝ, тврдам, не го гарантираат тоа“, изјави Бошњаковски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.