Црна хроника
Штипјанец исчезнал пред пет дена
Штипјанецот Цане Јанев изчезнал пред пет дена без секаква трага, информира неговото семејство кое побара помош од граѓаните и медиумите во пронаоѓањето на нивниот роднина.
Тој бил облечен е во црна блуза и црни панталони, со бела кратка коса и видлив мал физички проблем на левото око.Јанев според неговата сопруга има проблеми со видот. Семејството последен пат го видело во недела, во населбата Кадидере, кога добил повик на телефон, по што исчезнал во непознат правец. Семејствот неколку пати се обидело да го контактира на мобилниот телефон, но не успешно бидејќи исчезнатиот е недостапен.Случајот е пријавен и во СВР-Штип. Се молат сите граѓани кои имаат каква било информација за исчезнатиот да ги контактираат неговиот син и сопруга. /крај/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Маж и женa нападнати со метален предмет во Ранковце
Синоќа во 22.50 часот во Полициско одделение Ранковце Д.И. (34) пријавил дека во село Ранковце со метален предмет бил нападнат од Т.А. , а исто така Б.Т. пријавила дека била физички нападната од Д.И.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Маж од Радовиш со месеци сексуално вознемирувал малолетно девојче
Радовишанец со месеци силувал малолетничка
Вчера, во Полициската станица Радовиш било пријавено дека 45-годишен жител на Радовиш во периодот од јануари до април 2024 година во повеќе наврати извршил обљуба врз малолетничка од радовишко село.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица по чии насоки се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Црна хроника
Тешко повредено 22-годишно момче, падналo од мопед на коловоз
Вчера, вo 14.30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од улицата Методија Андонов-Ченто со сервисната улица што ги поврзува клучката Ченто и булеварот Александар Македонски, М. Н. (22) од с. Арачиново, Скопско, кој управувал мопед со тетовски регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил М. Н., констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.