Црна хроника
Приведени, па ослободени активистите кои го чуваа паркот кај Бристол
Повеќе од десет активисти коишто го чуваа паркот спроти Бристол биле приведени ноќеска околу 1 часот во голема полициска акција. Активистите изутрината биле ослободено, но им биле поднесени пријави.
Откако активистите кои со шатори го чуваа паркот биле уапсени, шаторите биле отстранети, а просторот е ограден.
Активистите кога биле ослободени им било соопштено дека им се поднесени пријави за нарушување на јавната чистота.
Меѓу приведените биле еден советник во општината Центар, како и директор на јавното претпријатие „Паркинзи Центар“.
Полицијата интервениралапо барање на сопственикот на земјиштето, за да се спречи узурпирање на туѓ имот и да се овозможи тој што има документи да си располага со имотот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Девојче нападнато од соученичка во основно училиште во Гази Баба
Ученичка била нападната пред два дена во основно училиште во Гази Баба.
Според пријавата, девојчето било нападнато од негова соученичка, а за случајот алармирал таткото на натепаното девојче.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Топ
Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик
Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид.
Од МВР информираа дека инцидентот се случил на 7 април во прилепскиот затвор, каде двајцата издржувале затворски казни.
Тие физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.
Црна хроника
Кривична за вработен во Национални шуми
Полицијата поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.
На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист, објави МВР во дневниот билтен.