Црна хроника
Ѕид затрупа млада струмичанка
Ѕид од стара куќа затрупа и усмрти млада струмичанка во струмичкото село Просениково, соопшти МВР.
Трагедијата се случила во средата во дворот од семејната куќа кога ѕид од стара куќа ја затрупал 25-годишната Билја Божинова.
Случајот во полицијата го пријави нејзиниот сопруг, според кој жената стоела блиску до старата куќа, кога во еден момент се урнас едниот ѕид и паднал врз неа. Лекар констатирал смрт, а на местото на несреќата извршен е увид./крај/со/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.