Црна хроника
Генерал Мими ја призна вината, се правдаше со нестабилна психичка состојба
Генерал Мими, којашто е обвинета дека лажно ветувала вработувања во НАТО и се претставувала како координатор во логистичкиот центар на НАТО во базата „Бонстил“ во Косово, ја призна вината пред судот и рече дека е вистина дека ги доведувала во заблуда оштетените, но тоа го оправда со нејзината нестабилна психичка состојба.
„Виновна сум, ги доведов во заблуда, лажев луѓе, но за тоа придонесе мојата психичка состојба. Од 2008 година се лекувам на психијатрија, а сега во приватна ординација и посетувам психолог двапати месечно“, рече Мими пред судот.
Се правдаше и дека дел од парите не ги зела воопшто, а дел им ги вратила на некои од оштетените.
Според обвинението, оштетени се пет лица, на кои им ветувала вработувања во НАТО или дека нивните фирми ќе добијат тендер за набавување прехрамбени производи на базата на НАТО во Скопје.
Обвинетета Мирјана Џамбазова тврдеше дека дел од парите ги зела бидејќи била должна на неколку места и верува дека со тие пари ќе го реши тој проблем.
Оштетените ги запознавала преку нејзини пријатели и според неа, најпрво им земала по околу 100 евра за апликација за вработување.
Еден од оштетените дури и дал отказ од работа верувајќи дека ќе се вработи во НАТО, но Мими тврдеше дека таа не го натерала на тој чекор.
Тврдеше дека од еден од оштетените трпела и закани, иако му вратила 400 евра, пари што му ги зела за вработување. Трпела закани за ликвидација од него, а тој наводно ја присилувал да потпише нотарски договор според кој треба да му врати 2.650 евра.
Таа измени дел од тврдењата што ги дала пред истражен судијам, тврдејќи дела тогаш била во голем шок бидејќи полицијата ја привела додека била заедно со нејзиниот 11-годишен син.
Исказ треба да дадат и оштетените за овој случај./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.