Црна хроника
Условни казни за семејството Бошњаковски за грабнувањето на внуката
Семејството Бошњаковски коешто беше обвинето за грабнувањето на својата внука шестгодишна Александра се осудени на условна казна.
Таткото Стефан и дедото Александар Бошњаковски поранешен судија во Врховниот суд и бабата Снежанка се осудени на по една година условна затворска казна доколку во наредните четири години не сторат кривично дело, јави репортерот на Макфакс од Основниот суд Скопје 1 Скопје.
Судот, исто така го укина притворот, и за таткото и за дедото на Александра. Во своите завршни зборови, обвинетите ветија дека нема да го повторат делото.
Адвокатката на Александар Бошњаковски, Мартина Мартиноска рече дека обвинетиот го сторил делото од благородни причини и поради страв неговата внука повторно да не биде грабната од страна на мајката. Според Мартиноска, мајката на детето во 2011 година го одвела детето без дозвола на таткото во соседна Србија, македонската полиција ги лоцирала, а мајката никогаш не одговарала за ова кривично дело.
Според Обвинителството, малата Александра и покрај правосилната судска одлука според којашто и’ била доделена на старателство на мајката, била грабнато од страна на семејството Бошњаковски и не ја видело својата мајка две години./крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.