Црна хроника
Финец загина во експлозија на бомба од II Светска војна
Една од неколку бомби од Втората светска војна кои биле сместени гаражи во северна Финска експлодирала во петокот доцна навечер убивајќи едно лице по што беа евакуирани стотици жители во локалното училиште, објави тамошната полицијата.
Евакуирани беа околу 50 домови во предградието на градот Кеми, а на местото на несреќата биле упатени пиротехничари кои ги деактивирале преостанатите бомби. Областа беше блокирана до раните утрински часови, а во евакуацијата и обезбедувањето биле ангажирани припадници на итните служби и полицијата, помогнати од војската.
Истражителите сметаат дека експлозијата, во којашто покрај 27-годишникот кој загинал исто така било рането уште едно 24-одишно лице кое е хоспитализирано била случајна.
„Нема докази дека станува збор за намерно активирање“, изјавил Лори Манинен од службата за цивилна заштита за финската национална телевизија YLE./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.