Црна хроника
Повредени четири полицајци во сообраќајка кај Тетово
Автомобил „опел астра“ со кој се превезувале четворица полициски службеници излетало рано попладнето во недела од автопатот Гостивар – Тетово, пред наплатната рампа на влезот во Тетово.
Според првичните информации, четворицата вработени во министерството се враќале од синдикалните игри кои викендов се одржуваа во Охрид. Возилото „опел астра“ излетало од патот од засега непознати причини.
Од Министерството за внатрешни работи информираат дека полициските службеници не биле тешко повредени, но превентивно биле пренесени во Ургентниот центар во Скопје. Со какви повреди минале ќе утврдат лекарите од Клиничкиот центар./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Три лица пријавиле во полициските станици во Скопје дека биле каснати од куче скитник во текот на вчерашниот ден, извести МВР.
На 28.03.2024 во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, Л.Ј.(64) од Скопје пријавила дека на пешачка патека во населбата Ново Лисиче во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 12.40 часот во Полициската станица Карпош, М.Ч.(34) од с.Катланово, скопско, пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 28.03.2024 во 17.00 часот во Полициската станица Гази Баба, А.Д.(21) од Скопје пријавил дека на ул.„Финска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Во судир помеѓу „бмв“ и мотоцикл тешко повреден 23-годишник од Скопје
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од регионалниот пат Скопје–Тетово и локалниот пат село Сарај–село Глумово се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот С.О. од Република Турција, со престој во Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од 23-годишниот Ф.Ќ. од Скопје, извести МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повредена скопјанка, во неа удрил „опел“
Вчера во 12.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје, патничко моторно возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано 38-годишниот Ј.К. од село Марино, општина Илинден, удрило во пешакот, 64-годишната М.Г. од Скопје, извести МВР.
– Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.Г. констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.