Црна хроника
Млад охриѓанец починал по земање на метадон
Млад охриѓанец починал откако зел метадон од стружанец којшто бил регистриран корисник на метадонска терапија, соопшти МВР. Стружанецот е уапсен, а истражен судија му одреди 30 дневен притвор.
На 13-ти овој месец, дваесет и петгодишниот охриѓанец му побарал метадон на десет години постариот стружанец кој користел метадонска терапија.
Стружанецот од пластичен шприц извлекол четири милиграми метадон, по што охриѓанецот излегол од собата кајшто седеле во неговиот дом и го инјектирал метадонот.Потоа двајцата заминале во Центарот за лекување на наркозависници, каде почнала да се влошува здравствената состојба на младиот охриѓанец.
Стружанецот заедно со уште две лица од Центарот, го однеле во неговиот дом, но момчето починало.
Против стружанецот е поднесена кривична пријава за „овозможување на употреба на наркотични дроги“./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Црна хроника
Во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево тешко повредена кумановка
Вчера во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот И.А. од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.
Црна хроника
108 санкционирани возачи во Скопје
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 14 санкции, шест мерки за користење мобилен телефон при возење, седум санкции за некористење сигурносен појас.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.