Црна хроника
Поштар наместо да подели пензии, си ги присвоил парите
Поштар си присвоил 400 илјади денари, наместо да исплати пензии.
Како што соопшти полицијата, 46 годишниот Ј.Д. во текот на јули годинава, односно на 09.07., во својство на поштар вработен во АД Македонска Пошта – Подружница ЦРПС Скопје 1 Скопје ЕПМ 1060 Ѓорче Петров, постапувајќи спротивно на договорот за вршење на универзална поштенска услуга, прием и достава на пратки, противправно присвоил парични средства кои му биле доверени во работењето, а кои требало да ги достави до крајните корисници со што ја оштетил АД Македонска Пошта за сума од 400.000 денари.
Ј.Д. откако од главната благајна во ЕПМ 1060 Ѓорче Петров од главниот благајник задолжил парични средства во висина од 400.000, денари за исплата на пензии и социјална помош за корисниците од с.Крушопек и с.Лака, во периодот од 09.07. до 17.07. годинава воопшто не извршил исплата на истите, ниту пак за паричните средства се раздолжил во главната благајна.
Спротивно на тоа тој на 18.07. лично се јавил во просториите на АД Македонска Пошта каде што напишал изјава дека паричните средства му биле украдени од возилото и затоа истите не ги доставил до крајните корисници.
Од страна на СВР Скопје – ЕЕКК со пријавениот бил извршен разговор во кој истиот појаснил дека ташничката во која ги носел парите му испаднала од појасот и истата не успеал да ја најде, за што на 18.07. пријавил во АД македонска Пошта и по сопствена иницијатива дал отказ од работното место.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.