Црна хроника
Малолетник удрен со метална прачка по глава
Малолетник од село Долно Количани, бил нападнат од група маскирани лица во Скопје, при што му е нанесена повреда на главата, соопшти МВР.
Имено, во понеделникот, во 13.10 часот, на ул.„Венјамин Мачуковски“ во Скопје група маскирани лица од засега непознати причини физички го нападнале Р.Н.(16) од село Долно Количани и со метална прачка го удриле по главата нанесувајќи му видлива повреда.
Се преземаат мерки за откривање на сторителите и расчистување на случајот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.