Црна хроника
Миле Хаџиски по 20 години ќе биде екстрадиран во Македонија
Миле Хаџиски, Македонецот кој се бара веќе 20 години ќе биде екстрадиран во Македонија, одлучи францускиот суд кој одговори позитивно на барањето на македонските власти за екстрадиција.
Одлуката на судот од Ним беше очекувана со оглед на тоа дека обвинителот при првото рочиште одржано на 28 август истакна дека на датумот кога е направено делото тој немаше француско државјанство и нема мотив да се спротивстави на неговата екстрадиција.
Хаџиски во 1993 година ја уби својата девојка Мери Јошевска и беше осуден на 20 години затвор.
Но успеа да побегне од Македонија и се приклучил на Легијата на странците на француската армија каде се претставувал како Зоран Томиќ. Беше уапсен во Швајцарија пред две години за кражби и разбојништва, но избега и од таму по што се приклучил на криминалната српска група Пинк Пантер.
Беше уапсен конечно на 19 август во Франција, а сега ќе биде екстрадиран во Македонија./крај/миа
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Жена истепана од својот вонбрачен партнер во центарот на Скопје
Вчера попладне во 13.00 часот во СВР Скопје, 48-годишна жена пријавила дека на 21.04.2024 околу 00.15 часот на подрачјето на Центар била физички нападната од нејзиниот вонбрачен партнер, 49-годишниот М.М. од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Расправија околу сообраќајна незгода заврши со тепачка меѓу двајца скопјани
Вчера попладне во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по расправија околу претходно случена сообраќајна незгода, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 60-годишниот В.А. и 34-годишниот М.Ч., двајцата од Скопје, извести МВР.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Во Тетовско, во предизборен молк се лепел пропаганден материјал, полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.05 часот полициски службеници од СВР-Тетово постапиле по пријава дека лица кои биле со патничко моторно возило, во тетовски села, во период на предизборен молк, лепат пропаганден материјал за претстојните претседателски избори, при што во тетовско Синичане биле затекнати Р.Р.(19) и малолетник, двајцата од истото село, како поставуваат пропагандни материјали за кандидат за претседател на претстојните претседателски избори, извести МВР.
Со нив е извршен службен разговор во Полициско одделение-Камењане, известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.