Црна хроника
Загина млад неготинец во сообраќајка
Млад неготинец загина во тешка сообраќајка што се случила на патот Кавадарци-Росоман кај местото Сверова падина, соопшти МВР.
Сообраќајката се случила во средата вечерта во 20.20 часот, кога автомобил „опел омега“ управуван од 34-годишен кавадарчанец, удрил во мопед „томос“ кој бил паркиран на десниот раб од колозовозот.
Момчето кое било на мопедот разговарало со 34-годишен кавадарчанец кој стоел покрај „томосот“.
Автомобилот удрил во нив, при што 20-годишниот Митко Николовски од неготинското село Курија, кој бил на моторот, починал на лице место, додека неговиот пријател со повреди бил однесен во болница.
Повредениот е пуштен на домашно лекување. Извршен е увид на лице место и се утврдуваат точните причини за несреќата./крај/мвр/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.