Црна хроника
Кили пуштен во куќен притвор
Актерот Кирил Поп Христов кој еден месец беше во притвор во затворот Шутка, притворот од денеска ќе го издржува дома.
Кривичниот совет на Основниот суд 1 го замени притворот на актерот со домашен притвор, потврдуваат неговиот адвокат Владимир Данаилов и од службата за односи со јавност на Кривичниот суд.
Адвокатот Данаилов за Макфакс вели дека барањето за замена на притворот било поткрепено со медицинска документација за влошената состојба на Кили.
Кили беше уапсен за производство на марихуана откако во семејна куќа во Визбегово беа откриени 80 саксии марихуана. Неговиот брат, кој исто така е осомничен, но е надвор од земјава изјави дека марихуната ја одледувале за медицински цели, односно за туморот на грбот./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.
Црна хроника
Во сообраќајна несреќа на магистралниот пат Охрид-Кичево тешко повредена кумановка
Вчера во 21.20 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид-Кичево, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 60-годишниот И.А. од Куманово, удрило во бетонска преграда од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила неговата сопатничка М.Ш.(36) од Куманово, констатирани во Медицински центар Кичево“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Кичево.