Црна хроника
Повредените грчки државјани надвор од животна опасност
Наместо во Грција, „BMW“ Х-6 заврши еден километар пред наплатната рампа на автопатот кај Градско.
Во сообраќајната несреќа која се случи во четвртокот наутро на автопатот Велес – Гевгелија со телесни повреди коишто не се опасни по живот, се здобиле двајца од тројцата патници. Пренесени се во Градската болница во Велес, пишува велешкиот портал Лисица.
„Возачот има површински повреди во пределот на главата и на градниот кош, направени се дополнителни истражувања, рентген снимки на глава и граден кош и исклучени се посериозни повреди. Сопатникот има една рана во предел на главата која е сотурирана, пациентите се згрижени“, рече др. Силвана Мишкова, портпарол на Градска болница Велес.
Повредените се на возраст од шеесетина години, но нивниот идентитет сé уште е непознат.
„Пациентите поради јазичната бариера не можат да ни ги кажат идентитетите, тие се на возраст од околу 60 до 65 години“, рече др. Силвана Мишкова, портпаролка на Градска болница Велес.
Полицијата изврши увид на местото на настанот, она што привично се знае е дека џипот излетал од патот, се превртел и завршил на банкината.
За време на увидот на несреќата, сообраќајот по автопатот се одвиваше на една коловозна лента. Одговорот на прашањето зошто возачот загубил контрола над возилото ќе се знае по завршување на истрагата./крај/лисица
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.