Црна хроника
Обид за убиство и тепачка во Горно Татеши, струшко
Во неделата, во два одделни случаи во селото Горно Татеши во струшко се случил обид за убиство и тепачка, соопшти полицијата.
Имено, во првиот случај, во 18 часот во полициската станица во Струга, М.Т.(1974) од село Горно Татеши-Струга, пријавил дека околу 14.30 часот додека бил на местото викано Долно Тоски, атар на село Горно Татеши, кон него, еден од синовите на А.И. истрелал неколку рафали со автоматско оружје, но не го погодил.
Полицијата на лице место нашла 14 чаури и еден проектил кој бил во непосредна близина на мотоциклот на М.Т., а кој претходно го пробил седиштето на мотоциклот.
По увидот на лице место, со наредба на истражен судија извршен е претрес во домот и помошните простории на А.И. во Горно Татеши, каде на околу два метри од куќата под запрежна коњска кола пронајдена е една автоматска пушка без сериски број и една рамка со девет куршуми. При претресот, одземени се и една ловна пушка, еден ловен карабин и пиштол марка „Црвена Застава“ М-57, кои ги поседувал со дозвола.
А.И. и неговите синови Б.И. и М.И. се приведени во ПС-Струга. Се преземаат мерки за целосно расветлување на случајот.
Исто така, во неделата околу 19 часот во село Горно Татеши, струшко, дошло до нарушување на јавен ред и мир со меѓусебна тепачка помеѓу лицата П.А., неговите синови Б.А., А.А. и Б.А. од една страна и И.М. и неговите братучеди Д.М. и Џ.М. од друга.
Во тепачката Б.А. со лопата го удрил неколку пати Џ.М., кој се здобил со телесни повреди, додека И.М. се обидел да го спречи Б.А., се здобил со тешки телесни повреди. Лицата се пренесени во МЦ-Струга каде се задржани на понатамошно лекување./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.