Црна хроника
Медарски: Секоја осуда за Кежаровски е загрозување на слободата на изразување
Било каква осуда за новинарот на Нова Македонија, Томислав Кежаровски е директно загрозување на слободата на изразување, изјави адвокатот Филип Медарски во завршните зборови за случајот Ликвидација, каде еден од обвинетите е новинарот Кежаровски кој се товари дека незаконски го открил идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше.
Според него, заштитениот сведок во случајот Ореше е лице со криминално досие, а во текстот на Кежаровски во весникот „Репортер 92“ тој е напишан Златко Штипјанецот.
„Со тоа не е откриен идентитетот на заштитениот сведок , бидејќи Златко воопшто не е од Штип, туку е дадена погрешна насока за идентитетот на сведокот“, рече Медарски.
Медарски се осврна и на Хашкиот трибунал, каде се случувало новинари да го откријат идентитетот на заштитениот сведок. Но таму, за разлика од кај нас, според Медарски, максималната казна затвор за новинарот е три месеца, додека Кежаровски е во притвор веќе четири месеци.
Сите адвокати на обвинетите побараа ослободителни пресуди, додека обвинителството побара построги казни за обвинетите.
Завршните зборови на Александар Тортевски, адвокатот на обвинетиот поранешен обвинител, Ивица Ефремов предизвикаа кавга меѓу адвокатот и заменикот судечки судија, Ѓоко Ристов.
Тортевски во завршните зборови побара судот да донесе праведна одлука и рече дека од нивната одлука ќе зависи дали судот ќе биде куќа на правдата или не. Тој им се обрати и на поротниците кои ја претставуваат волјата на граѓаните и апелираше да донесат праведна одлука. Ова го налути Ристов и реагираше зошто Тортевски сака да влијае на одлучувањето на поротниците. Тој го опомена адвокатот да не зборува за праведноста на судот, туку да се осврне на доказите во постапката.
Во селото Ореше пред неколку години беше убиен Лазар Милошевски, а за убиството им се судеше на браќата Љупчо и Ордан Ѓорѓиевски, а како нарачател беше осомничен Ѓоре Петровски кој живее во САД и кој наводно сакал да му се одмазди на старецот за обид за убиство од пред 15 години. Во март годинава, браќата беа ослободени, но заштитениот сведок во случајот, Златко Арсовски Бреза даде изјава дека изјавата ја дал под притисок на полицијата и ДБК и дека била лажна./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.