Црна хроника
Уапсени повеќе лица од фирмата „Машинопромет“ – осомничен и Шиповиќ
Повеќе лица се уапсени во полициска акција којашто била спроведена утрово, осомничени дека направиле проневера од еден милион евра, соопшти Министерството за внатрешни работи.
Уапсени се членови на управниот и надзорниот одбор на скопската фирма „Машинопромет“ , сопственици на приватни фирми, а првосомничен е претседателот на Управниот одбор на фирмата „Машинопромет“, Мирослав Шиповиќ, кој исто така е и претседателот на Советот на општина Центар.
Шиповиќ, кој е функционер на СДСМ, моментално е надвор од Македонија и сè уште е недостапен за органите на прогонот.
Според МВР, криминалното работење во фирмата се одвивало од 2008 до 2011 година кога почнала и претстечајната постапка за фирмата. Иако било забрането распродавање на имотот на фирмата, сепак осомничените вршеле отуѓување на имотот, го оштетиле буџетот и овозможиле приватни фирми да се стекнат со противправна имотна корист.
Сè уште се вршат службени разговори со уапсените, а МВР најавува дека во четврток против нив ќе биде поднесена кривична пријава и ќе бидат изведени пред истражен судија./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Тројца скопјани искасани од кучиња скитници
МВР извести дека изминатиот ден тројца скопјани пријавиле каснување од куче скитник, во полициските станици.
На 23.04.2024 во 17.30 часот во Полициската станица Центар, 34-годишната Д.С. од Скопје пријавила дека во населбата Маџир Маало во Скопје, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 14.45 часот во Полициската станица Карпош, 44-годишната И.Ф. од Скопје пријавила дека на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник.
На 23.04.2024 во 11.55 часот во Полициското одделение Сарај, 70-годишниот А.П. од Скопје пријавил дека кај Спортско рекреативен центар „Сарај“ бил каснат од куче скитник.
Црна хроника
Уапсен прилепчанец, побегнал од затворот во Куманово
Вчера во 20.30 часот во Велес, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 29-годишниот Е.М. од Прилеп, извести МВР.
„Тој бил баран со централна потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор – Куманово, поради бегство од затворот“, соопшти МВР.
Лицето било спроведено во установата за доиздржување на затворска казна од една година, три месеци и седум дена.
Црна хроника
Уапсен Турчин на Деве Баир, на увид дал фалсификувани документи
Вчера во 20.25 часот на Граничниот премин Деве Баир, полициски службеници го лишиле од слобода 44-годишниот М.Д. од Република Турција, кој управувал товарно возило „мерцедес“ и полуприколка со турски национални ознаки, поради тоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека двете меѓународни зелени карти за осигурување биле фалсификувани, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Крива Паланка за понатамошна постапка.