Црна хроника
Ученици од ПТТ и хемиско се мавале со камења, двајца на Ургентен
Средношколка и средношколец завршија на Ургентен, откако вчера учествувале во групна тепачка на автобуската станица меѓу средните училишта, ПТТ и хемиско.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во среда околу 19 часот на улицата „Трета македонска бригада“ се случила групна тепачка меѓу средношколци од „Владо Тасевски“ и „Марија Кири Склодовска“.
Учениците се степале на автобуската станица, а при влегување и излегување од автобус на ЈСП се мавале со камења, дрвени премдети и што им дојде при рака.
Во тепачката повредени се 16-годишниот В.К. ученик во ПТТ и 17-годишната Р.К. средношколка во хемиско, кои поради телесни повреди биле пренесени на Ургентниот центар во Скопје.
Две лица се приведени на разговор со полицијата, а уште неколку во присуство на родителите ќе бидат испрашани во текот на денот./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.