Црна хроника
Од пресметката меѓу насилници кривична за обид за убиство на „Вампирот“
Скопската полиција за инцидентот во скопското кабаре „Деспина“, во септември кога меѓусебно се пресметуваа познати насилници, против едно лица поднесе кривична пријава за дело „убиство во обид“.
Кон крајот на септември во раните утрински часови во ноќното кабаре „Деспина“ во скопската населба Мичурин, четири лица на возраст меѓу 27 и 33 години, иднетификувани со иницијалите Ц.Д., К.Д., Д.Т. и Р.В., сите од Скопје, инаку регистрирани насилници и сторители на имотни деликти, кои во моментов се во бегство,се осомничени дека предизвикале тепачка а потоа највозраснито од нив, 33-годишниот Ц.Д. се обидел да го убие 34-годишниот З.К. со прекар „Вампир“, исто така, од Скопје и исто така познат насилник и изнудувач.
Поради основаното сомневање дека Ц.Д. е сторител на кривично дело „убиство во обид“Истражен судија му изрече мерка притвор во траење од 30 денови, додека истата мерка е изречена и за другите пријавени, но за дело „учество во тепачка“
Инцидентот за кој се товарат пријавените се случил на се случи на 23-ти септември во раните утрински часови во кабарето „Деспина“, каде „Вампирот“ седел со три лица од Скопје, негови пријатели, исто така регистрирани насилници.
Околу 05,15 часот во објектот влегле пријавените маскирани со фантомки и веднаш физички го нападнале „Вампирот“ , при што со остар предмет му нанеле две убодни рани во пределот на стомакот, а испукале и еден куршум од огнено оружје, но никого не повредиле, по што се дале во бегство.
Повредениот со автомобил „ауди А8“, тогаш беше пренесен на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, од каде со амбулантно возило е пренесен на Клиниката за интизивно лекување КАРИЛ и беше задржан на натамошно лекување.
Настанот е пријавен од вработен во обезбедувањето на Универзитетска клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“, каде првично „Вампирот“ бил донесен со две убодни рани во стомакот.
Скопската полиција по извршениот увид, вештачење на подигнатиот материјал, анкетирање на сведоци, препознавање по фотографии и други оперативно мерки и активности дошла до основано сомневање дека сторители на кривично правниот настан се браќата Ц.Д. и К.Д. како и Д.Т. и Р.В., за што уредно се повикани за давање појаснување околу основаното сомневање, но тие до поднесувањето на пријавата се во бегство./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.