Црна хроника
Почина прегазен пешак во Скопје
Во петок, околу 17 часот, во Скопје, при сообраќајка смртно настрадал пешакот А.Ј.
На крстосницата од ул. „Ѓорче Петров“ и ул. „Македонски војски“, се случила сообраќајна незгода во која А.Х.(29) од село Сарај, скопско, управувајќи „Рено Клио“ удрил во пешакот Анѓел Ј.(74) од Скопје.
Во незгодата, пешакот се здобил со тешки телесни повреди, по што бил пренесен во Ургентен центар Скопје, каде починал./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.