Црна хроника
Печалбар останал без заштедата
Печалбар на привремена работа во швајцарија, од август до сега, ги оставил заштедените пари во куќа на свој роднина, но во саботата забележал дека ги нема.
Имено, од 14 август до 19 октомври во Ресен, на ул.„29-ти Ноември“, во куќата сопственост на М.Д., засега непознат сторител извршил тешка кражба, при што одзел 60.000 швајцарски франци сопственост на И.М.(1963) од Ресен.
Тој е со привремен престој во Швајцарија и во саботата забележал дека парите кои ги сместил во куќата на неговиот роднина се украдени.
Полицијата од ресен излегла на лице место, при што не било констатирано насилно влегување во куќата, ниту пак претурање во просториите.
Во моментов се трага по роднина на сопругата на оштетениот, кој престојувал во горенаведената куќа.
ПС-Ресен презема мерки за расчистување на настанот./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.