Црна хроника
Истурена жива во УЈП Тетово
Непозната течност којашто наликувала на жива била истурена утрово во просториите на Управата за јавни приходи во Тетово, соопштуваат од Управата за јавни приходи (УЈП).
Течноста ја забележала вработена во Регионалната дирекција Тетово. Кога пристигнала на работното место забележала дека во ходникот, пред влезот во канцелариите на Управникот и Заменик управникот, има истурено поголема количина на непозната течна материја со сребреникава боја, која многу наликува на жива.
Случајот веднаш бил пријавен во полиција и во притвпожарната служба.
„Управата за јавни приходи изразува згрозеност и загриженост поради зачестеноста на ваквите и слични инциденти во изминатиот период, кои директно се насочени кон даночниците и можат сериозно да ја нарушат безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности“ се вели во соопштението од УЈП./крај/со
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.