Црна хроника
Охриѓани нападнале полицајци со секира
Охриѓани нападнале двајца полицајци со секира оти дошле во куќа да интервенираат поради пријава за гласна музика, соопшти МВР.
Инцидентот се случил во саботата во 16.30 часот на улица „Даме Груев“ во Охрид.
Едниот охриѓанец со секира му нанел расекотина на еден од полицајците во градите, додека другиот охриѓанец му ја скинал униформата на другиот полицаец.
Трет пак охриѓанец ги спречувал полицајците да ги приведат. Полицајците успеале да ги приведат тројцата и против нив е поднесена пријава. На полицајците им се констатирани повреди во медицинскиот центар во Охрид./крај/мвр/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.