Црна хроника
Последниот осомничен за масакрот кај Смилковско езеро на 2 декември пред суд
Осомничениот за масакрот кај Смилковското езеро, Сами Љута кој беше уапсен пред повеќе од два месеца, на 2 декември треба да се појави на суд, а против него ќе биде покренато обвинение.
Јавната обвинителка Гордана Гешковска пред судот изјави дека во текот на денот истражниот судија треба да ги достави до обвинителството списите од истрагата за Сами Љута, по што обвинителството ќе напише обвинение и ќе му предложи на судот на Љута да му се суди заедно со другите шестмина обвинети за масакрот кој се случи на 12 април 2012 година.
Тој е осомничен дека го обезбедувал теренот додека се случувал масакрот кај Смилковци. Ако судот го прифати предлогот на обвинителството, судењето може да почне од почеток.
Обвинителството и одбраната на обвинетите на денешното рочиште предлагаа докази, а судот треба дополнително да се изјасни кој од тие докази ќе бидат изведени.
Вештачењето коешто го побара одбраната покажа дека земјата од неколку локации на Вражји вир, местото кадешто беше пронајден автомобилот „опел омега“, со којшто според обвинението се возеле дел од извршителите на убиството, не се совпаѓа со земјата пронајдена на калниците на автомобилот.
Одбраната рече дека вештачењето е штуро и побара судот да го повика вештото лице коешто го направило вештачењето да даде исказ пред судот.
Одбраната побара судот да се изјасни и за нивното барање, да направат увид во автомобилот „опел омега“ и да бидат изведени како докази слики од телефонот на обвинетиот Агим Исмаиловиќ. Адвокатот Насер Рауфи побара да се утврди сопственоста на автомобилот „опел омега“ и преку царинските служби да се утврди дали е внесен во странство. Обвинитеслтвото се приклучи кон ова барање и рече дека веќе помош побарала од меѓунардона правна помош за да се открие сопственоста на возилото.
Обвинителството, пак, побара да биде изведен како доказ листа на појдовни и дојдовни повици од телефонскиот број на едно од убиените момчиња, Александар Накевски за да се утврди точното време на убиството. Според исказите на таткото на момчето и неговата сестра, тие му звонеле на неговиот број критичниот момент и го слушале неговиот глас испрекинато.
Исто така обвинителката побара како докази да се изведат и пресудите за првообвинетите кои се во бегство, Алил Демири и Африм Исмаиловиќ. Едниот е осудуван за затајување,а другиот за насилство.
Адвокатот на дел од обвинетите, Насер Рауфи изјави дека овие докази немаат никаква врска со обвинителниот акт. Судењето треба да продолжи на 2 декември. /крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен крадец во Кочани, расчистени седум кривични дела
По преземени оперативни мерки и активности, полициски службеници од ОВР Кочани при СВР Штип расчистија седум кривични дела, од кои пет кривични дела „тешка кражба“ и две „тешка кражба“ на дрзок начин извршени на територијата на Кочани од угостителски и продажни објекти и една од физичко лице, извести МВР.
„Поради постоење основи на сомнение дека е сторител на делата, на 27.03.2024 од слобода бил лишен Е.Р.(37) од Кочани. Во службен разговор во полициска станица тој ги признал кривичните дела, а поголем дел од украдените предмети биле пронајдени и вратени на оштетените граѓани“, соопшти МВР.
По целосно документирање на случаите, против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Црна хроника
Тетовец ја истепал сопругата
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер околу 21 часот и 35 минути во Тетово го лишиле од слобода 40-годишниот тетовец М.Е.
Тој претходно бил пријавен од неговата 43-годишна сопруга дека во семејниот дом физички ја нападнал.
Задржан е во Полициската станица Тетово за целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе му биде изготвен соодветен поднесок, соопштија надлежните.
Црна хроника
Приведен крадец во Кавадарци
Вчера во 18.50 часот во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го привеле Ф.Ј.(18) од Кавадарци.
Тој се сомничи дека извршил „кражба“ од дворот на манастирот „Свети Никола Моклишки“ во атар на с.Ваташа, кавадаречко, при што одзел повеќе предмети. Кај него биле пронајдени одземените предмети и биле вратени на сопственикот.
За настанот бил известен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.