Црна хроника
Јанкулоска: Првично недостасуваат вредни предмети од Музејот на Македонија
На прв поглед се чини дека се работи за прилично сериозен случај и оти недостасуваат вредни предмети, изјави министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска за кражбата на златни предмети од депото на Музејот на Македонија.
„На прв поглед се чини дека се работи за прилично серизен случај и оти недостасуваат вредни предмети, меѓутоа пред да се заврши конкретниот попис на предметите и да се направи споредба со она што стои во нивната евиденција и констатација за тоа што недостасува, ние не би можеле да излеземе со првична проценка во однос на вредноста на предметите кои недостасуваат и евентуалната направена штета“, изјави Јанкулоска.
Сè уште трае увидот на местото на кражбата, а во моментов сè уште течат разговорите со сите лица за кои полицијата смета дека можат да дадат информации.
Од МВР немаат детали за начинот на кој е извршена кражбата и за виновниците. Во средата беше пријавено дека од депото на Музејот на Македонија се украдени златни предмети./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Кривични за родителите кои им дозволиле на нивните малолетни деца да живеат вонбрачно
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднесе две кривични пријави против Н.Ф.(38) и С.Ф.(34), двајцата од Пехчево и В.Т.(54) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вонбрачен живот со дете“.
Пријавените, во период од втората половина на 2023 до 22.02.2024 им овозможиле на нивните малолетни деца, кои се во љубовна врска, да живеат вонбрачно, објави МВР во гдневниот билтен.
Црна хроника
Teтетовец со украдено возило направил сообраќајка
Полицијата поднесе кривична пријава против Л.А.Т. (18) од Тетово поради „тешка кражба“ во обид, „одземање на моторно возило“ и „кражба“.
На 03.02.2024, пријавениот со погоден предмет се обидел да влезе во куќа во Тетово, но бил затекнат од сопственикот.
На 10.02.2024 во двор од куќа одзел патничко возило „цитроен“, а во текот на истиот ден од плац на лице од Тетово одзел мотоцикл „јамаха“, кој го оставил во с.Долно Седларце, тетовско, заедно со патничкото возило, откако направил сообраќајна незгода, објави МВР.
Црна хроника
Се степале вработени во болница во Карпош
Вчера во здравствена установа на подрачјето на Карпош во Скопје, по претходни недоразбирања, настанала физичка пресметка помеѓу Р.М.(43) и В.Р., од Скопје, двајцата вработени во установата.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, објави МВР во дневниот билтен.