Црна хроника
Новинарот Кежаровски пуштен во куќен притвор
Новинарот на дневниот весник „Нова Македонија“, Томислав Кежаровски е пуштен во домашен притвор, потврдуваат од Основниот суд Скопје 1.
Кежаровски е осуден на четири и пол години затвор за наводно откривање на идентитетот на заштитениот сведок во случајот Ореше.
Кежаровски кога беше изречена пресудата и кога Судот одлучи да остане во пртиворот во затворот во Шуто Оризари, низ солзи побара од судот, притворот да му биде заменет со куќен притвор.
Тој, но и неговата сопруга се жалеа дека условите во затворот во Шутка се неподносиливи./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Црна хроника
Тепачка помеѓу колешки во средно училиште во Битола
На 18.04.2024 во СВР Битола, Х.Т. (28) од Битола пријавила дека во средно училиште во Битола била физички нападната од нејзината колешка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.