Црна хроника
Две мaлолетнички од Србија осомничени за стотици кражби во Франција
Француските правосудни власти покренале постапка против две малолетни девојки „коишто тврдат дека потекнуваат од Србија“, под сомневање дека се извршители на стотици кражби во северниот дел на Франција, пренесе AFP повикувајќи се на повеќе извори.
Според првите резултати од истрагата, малолетничките коишто имаат околу 15 години, живееле во шаторска населба во Сеин-Сен-Дени, предградие на Париз, краделе накит и готовина. Во средата биле изведени пред судот кој истиот ден ја покренал истрагата поради провални кражби во куќи, изјавил државниот обвинител во Камбре, Жером Марили.
„Истрагата опфаќа повеќе од стотина провални кражби сторени во период од четири години“, рекол за AFP извор близок на истрагата.
Девојките пред истражителите признале дека извршиле стотина кражби во околината на Лил. Според државниот обвинител Марили, на дена вршеле и по десет кражби, според кого, пак, станува збор за период од две години.
„Изгледа дека припаѓаат на организирана мрежа, бидејќи е утврдено дека возрасни лица го оставале на одредени места за извршување на кражбите. Проблемот е во тоа што постојано го менуваат исказот“, додал Марили.
Пуштени се на слобода, но под судски надзор и не смеат да ја напуштаат територија на Франција и секој ден мора да се јавуваат во најблиската полициска станица./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Почина затвореник во Идризово
Вчера во 19:15 часот во СВР Скопје, од Казнено поправна установа Идризово Скопје било пријавено дека Р.Ф.(52) од с.Речане-гостиварско (осудено лице) починал, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи знаци на насилство.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.
Црна хроника
Украден сеф со пари од продажен објект во Карпош
Во 03.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Карпош, од страна на непознати сторители, со употреба на физичка сила било влезено и одземен бил сеф со пари.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со трактор излетал од коловоз, тешко повреден маж во Виничко
Вчера, во 17 часот, во Полициската станица Виница било пријавено дека во село Трстија, Виничко, трактор „фергусон“, со штипски регистарски ознаки, управуван од 63-годишниот С. Ј. од село Нов Караорман, општина Карбинци, излетал од коловозот, извести МВР.
„Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Клиничката болница во Штип“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Виница.