Црна хроника
Божиновски во екстрадиционен притвор во Нови Сад
– Новинарот и сопственик на проталот „Буревесник“, Зоран Божиновски, утрово бил изведен пред истражен судија во Нови Сад, кој му одредил екстрадиционен притвор во траење од 40 дена.
Министерството за внатрешни работи се обратило до Министерството за правда и судовите за да се отпочне со постапката за екстрадиција на осомничениот.
„Согласно процедурите, министерството за внатрешни работи се обрати до министерството за правда и до надлежните судови, така што очекуваме во најкус можен рок да биде комплетирана целокупната документација и да биде доставена до органите на прогонот на Србија кои треба да се произнесат за барањето за ектрадиција. Доколку биде одговорено позитивно, МВР со српското министерство ќе се договарат околу деталите за испорачување на лицето“, изјави портпаролот на МВР, Иво Котевски.
Според првичните информации на полицијата, Божиновски престојувал во еден или два стана во Нови Сад. Засега полицијата, нема информации дека Божиновски има двојно државјанство и дека се бара за извршување на други кривични дела во Србија, ако има некои правни пречки за екстрадиција за тоа треба да биде известено министерството за правда.
Од МВР не можат да кажат кога очекуваат да заврши екстрадиционата постапка бидејќи тоа не зависи само од нив, туку и до министерството за правда, судовите во Србија и Македонија.
Божиновски е осомничен за злосторничко здружување, шпионажа и уцена во случајот „Шпион“, во којшто се осомничени 20 лица.
Во акцијата „Шпион“ беа уапсени поранешни и актуелни вработени во безбедносните служби, под сомнение за шпионажа. крај/мф/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Две лица искасани од кучиња скитници во Скопје
Вчера, во 14.15 часот, во Полициската станица Карпош, Т. А. (78) од Скопје пријавила дека на улицата Петар Чаулев во Скопје била касната од куче скитник.
Истиот ден, во 21.15 часот, во Полициската станица Аеродром, Т. Т. (18) од Скопје пријавила дека на улицата Владимир Комаров во Скопје била касната од куче скитник.
Црна хроника
Кривична пријава против директорот на ЈП „Стрежево“ од Битола: набавил стар ратрак, а го платил како да е нов
Одделот за криминалистичка полиција, по добиената наредба од ОЈО Битола, презеде предистражни дејства и по обезбедената документација и извршен увид во неа, до ОЈО Битола, во координација со СВР Битола, поднесе кривична пријава против М. Г. од Битола, директор на ЈП „Стрежево“ од Битола за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето по чл. 353 од КЗ и злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно приватно партнерство од чл. 275-в од КЗ во врска со чл. 22 и против Љ. М. П. од Битола, управител на правно лице од Битола.
Имено, М. Г., знаејќи дека правното лице во текот на 2018 имало набавено тапкач на снег – ратрак, спровел постапка за јавна набавка на ратрак за потребите на ЈП „Стрежево“ од Битола со точно одредени технички карактеристики на потребниот ратрак како тој што го поседувало правното лице од Битола и да не е постар од 1995 година, на кој оглас како најповолен економски оператор понудувач било избрано предметното правно лице од Битола, а Љ. М. П. на конкретниот оглас доставила понуда со невистинити податоци дека ратракот што го нуди е произведен 1995 година, иако знаела и била свесна дека ратракот што го поседувала е произведен 1993 година, по што бил склучен договор со наведеното правно лице на износ од 1.875.967 денари, без ДДВ, иако ратракот бил купен од странство за 414.492 денара, односно тој бил набавен од ЈП „Стрежево“ од Битола за 4,5 пати повисока цена од набавната и за износот од 1.875.967 денари М. Г. го оштетил јавното претпријатие, а Љ. М. П. стекнала противправна имотна корист.
Црна хроника
Мопед излетал од патот, возачот тешко повреден
Вчера, во 13 часот, во Полициската станица Кочани било пријавено дека на улицата Стамен Манов во Кочани, В. Џ. (51) од Кочани, управувајќи мопед со кочански регистарски ознаки, излетал од коловозот.
Во несреќата тешки телесни повреди добил возачот, констатирани во Општата болница во Кочани.
Извршен бил увид од екипа на ОВР Кочани.