Црна хроника
Почина и сопругата на кумановецот кој загина во сообраќајката кај Агино село
Како последица од повредите здобиени во сообраќајната несреќа од петокот во починала и сопругата на возачот кој живото го загуби на самото место на несреќата, јави во саботата порталот Кумановоњус.
Триесет иосум годишната Л.С. од селото Брзак им подлегнала на повредите задобиени во вчерашната сообраќајна несреќа што се случи во близина на Агино село на автопатот Куманово – Скопје. Жената починала доцна синоќа во болница во Скопје.
Тешката сообраќајна несреќа се одигра во петокот по 16 часот на автопатот Куманово – Скопје кај Агино село во која загила кумановецот идентификуван како Марјан С., додека неговата една година помлада сопруга беш тешко повредена и според полицискиот извештај се наоѓаше во животна опасност.
Несреќата се случила откако движејќи се својот автомобил „венто“ со кумановски регистерски таблички по автопатот кон Скопје, најверојатно според првичните сознанија, поради неприлагодена брзина, излетал од патот притоа пробивајќи ја банкината покрај патот./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
На 19.04.2024 во 12.00 часот во Свети Николе, полициски службеници од Полициската станица Свети Николе ги лишиле од слобода Д.С.(34) и Д.С.(34), двајцата од Свети Николе. При претрес во нивниот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
Денеска (20.04.2024) во 00.55 часот во Охрид, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Охрид го лишиле од слобода Б.Н.(33) од Охрид. Откако бил забележан од полициските службеници во неговото возило, тој фрлил кесичка со бела прашкаста материја која била пронајдена и одземена.
Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, при што биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од бела прашкаста материја и други предмети со остатоци од бела прашкаста материја.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Се трага по 86-годишно лице од Скопје
Вчера во 13.20 часот во Полициската станица Ѓорче Петров, С.Д.(60) од Скопје пријавил дека од домот се оддалечил неговиот татко Б.Д.(86) од Скопје.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.